Заев им се заблагодари на Германија и Франција

448

Им благодарам на нашите пријатели од Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме како врвен придонес кон балканската и европската стабилност, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по неформалниот самит на Германија и Франција со западнобалканските држави во Берлин.

– Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот – напиша Заев на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...