Играорецот кој вчера го постави албанското знаме на Самоиловата тврдина платил казна од 1.100 евра и добил 5 години забрана за влез во Македонија, јавиваат локалнитте медиуми. Казната е одредена откако вчера четири лица, членови на фолклорната група Арбераши од Косово, поставиле албанско знаме на тврдината во Охрид како дел од кореографија за нивен видео запис.
Играорецот веднаш ја напуштил Македонија во придружба на полицијата. За инцидент от биле приведени две лица, но казнет бил само играорецот Ѓерг Прекоцај (50) од Косово, а со место на живеење во Лозана, Швајцарија.