Претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова вели дека секогаш се обраќа до сите граѓани и дека не ги дели. Таа додава и дека пред денот на гласањето ќе се обрати до сите граѓани. Силјановска во интервју за емисијата „Тарге“ на Алмакос како реакција на коментарите дека е „албанофоб” вели дека „можела и да се омажи за Албанец”.
– Изразот албанофоб го употреби висок функционер од социјалдемократскиот сојуз. Тоа говори повеќе за оној кој го кажал, а не за мене. Јас сум можела и да се омажам за Албанец, со оглед на детството поминато меѓу Албанци – вели меѓу другото Силјановска.