Трамп кажал 10.000 лажни или погрешни тврдења

163
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп по малку повеќе од 820 дена на функцијата претседател на земјата кажал повеќе од 10.000 лажни или погрешни тврдења, покажуваат податоци на „Брза проверка“.

Тоа во просек се околу 23 лажни или погрешни тврдења дневно, пренесе „Вашингтон Пост“.

На Трамп му требале 601 ден за да достигне 5.000 лажни или погрешни тврдења, што во просек било осум дневно.

Но на 26 април, 226 дена подоцна, американскиот претседател достигнал бројка од 10.000 погрешни или лажни тврдења во тој седуммесечен период.

Тука се вклучени неговите говори на митинзите пред изборите во ноември минатата година, делумната блокада на Владата поради несогласувањето во врска со неговиот ѕид на границата со Мексико и говорите во врска со објавувањето на извештајот на специјалниот обвинител Роберта Малер за руското мешање во претседателските избори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...