Претседателот на Собранието Талат Џафери во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, повика граѓаните в недела на вториот круг од изборите да излезат масовно и да гласаат за, како што вели, да одлучат за иднината на земјата.
Тој, како што објави ТВ 21, зборуваше и за потребниот цензус од 40 отсто.
Објаснувајќи го процесот на избори во втор круг, како и потребниот цензус од 40 проценти, Џафери рече дека доколку не биде постигнат цензус од 40 отсто, на 12 мај тој ќе треба да ја преземе функцијата на в.д претседател на Република Северна Македонија