Силјановска ги повика стружани да гласаат за победа на правдата

133

Веќе сум рекла дека како Струга нема друга и дека секогаш кога сме низ светот се чуствуваме како Костантин Миладинов, целата т’га за Македонија е т’гата за југот, порача Гордана Силјановска, кандидатка за шеф на државата.

– Јас во вториот круг очекувам граѓаните на Струга без оглед на етничка, верска, јазична и друга припадност сами да одлучат бидејќи гласот е нивен, а не партиски, кому ќе му го доверат. Мислам дека доволно нешта во животот сум направила за да докажам дека не ги разликувам луѓето по етничка, верска или јазична припадност.

Кога велам граѓанки и граѓани на Струга мислам не само на Македонците, мислам на Албанците, на Турците, на Ромите, на Власите, на Египјаните и на сите други. Неверојатно ми значат овие гласови зошто она што ни е заедничко е Охридското езеро, ако сум јас родена во Охрид, Струга е тука и навистина ги охрабрувам, ги замолувам, ги убедувам дека доколку го дадат гласот за мене дека ќе го дадат гласот за некој кој што цел живот се водел и ќе се води и раководи од еднаквоста на сите пред правото во интерес на правдата и критиката – порача Силјановска од Струга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...