Првиот круг од претседателските избори покажа дека ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски има 130 илјади гласови помалку од последните претседателски избори во 2014 година, велат од СДСМ.
СДСМ вели дека Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска го загубиле првиот круг од претседателските избори односно имаат помалку гласови од Стево Пендаровски.
„Мицкоски е негативен лик кого граѓаните не го сакаат. Јасно е дека граѓаните во поголем број се определени за напредок, членство во НАТО и ЕУ и не сакаат враќање назад. Предноста на Пендаровски во првиот круг најавува уште поубедлива победа во вториот круг на концептот што води напред“, стои во партиското соопштение.