Букурешт воведува бесплатен интеренет

245

Градските власти на Букурешт соопштија дека граѓаните ќе можат да се вклучат на бесплатен безжичен интернет во јавните простори со помош на програмата ВиФи4ЕУ.

Луѓето кои живеат во Букурешт ќе имаат слободен пристап до ВиФи на јавни простори, како што се паркови, јавни пазари, јавни згради, библиотеки, музеи…

Романскиот главен град во февруари доби неповратни средства во износ од 15.000 евра за инсталирање ВиФи мрежа во јавните простори. Властите ќе мораат само да ги регулираат трошоците поврзани за претплата.

Мрежите нема да имаат комерцијални огласи и нема комерцијално да ги користат личните податоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...