ВМРО – ДПМНЕ се враќа во Собранието и ќе покрене интерпелација за Владата ВИДЕО

956

ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието, обзнани лидерот на партијата Христијан Мицкоски по вечерашните средби на Извршниот и на Централниот комитет на партијата.

„Жестоко ќе се спротивставиме на секоја штетна и антидржавна политика. Прв чекор ќе биде покренување на гласање за недоверба на Владата со изгубен кредибилитет, која не работи за доброто на државата, треба што поскоро да замине. Колку побрзо толку подобро за државата. Оваа криминална влада ќе остане запаметена како најнеспособната досега во историјата на Република Македонија”, изјави Мицкоски по седниците на највисоките партиски тела.

Во периодот додека ВМРО-ДПМНЕ не беше во Собранието, додаде Мицкоски, тие донесоа дузина клучни закони без било каква консултација со опозицијата, како што е примерот со законот за администрацијата, подотворајќи врата за партиски реваншизам и бркања од работа.

„Ќе порачам надвор од реформските закони ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ништо да помине кое ќе оцениме дека не е од корист на граѓаните. Едно е сигурно оваа влада нема кредибилитет. Криминалот и корупцијата станаа заштитен знак за нејзиното работење. Затоа мора да си одат. Покажаа дека неумеат, покажаа дека не знаат. На надворешен план штетна политика без резултати, на внатрешен политика без концепт и сериозна идеја. На Македонија не и треба ниту заробена ниту киднапирана држава. Македонија заслужува подобро“, порача Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...