Бојан Василевски, братот на Александар Василевски – Нинџа, како што објави КОД, бил во обезбедувањето во Виена со поранешниот премиер Никола Груевски за време на крвавите настани на 27 април во Собранието.
Неколку дена претходно беше објавено дека според обвинението, зад телефонскиот повик во 14 и 30 часот стои лице од обезбедувањето на Груевски. Телефонот, пак, од кој бил нарачан упадот е во сопственост на Владата.
„Откако од телефон, сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р.М. НН лице од обезбедувањето на Никола Груевски, тогаш претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а кои се наоѓале во Виена, Австрија, во 14.30 часот контактирал со обвинетиот Александар Василевски Нинџа, сега недостапен на органите на прогонот, кој потоа заедно со обвинетиот Никола Митревски Кољо, телефонски ги конрактирале обвинетите Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски Дешо, сега недостапен на органите на прогон, го мобилизирале членството од Скопје и други градови, за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили“, пишува во обвинението.