За 1 мај посвежо со облачност и краток пороен дожд претежно попладне

770

Според Управата за хидрометеоролошки работи, што се однесува до времето вечерва и преку ноќта, ќе има мало зголемување на облачноста, но на југоистокот ќе остане претежно ведро. Ветерот ќе стивне.

За утре, се очекува сончево време со мала до умерена облачност со услови за краткотраен дожд.

– Попладне и претежно во планинските делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде од 4 до 10 а максималната од 17 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Температура од 8 до 25 степени – информираат од УХМР, пренесуваат од Авто-мото сојузот.

Во вторник од претпладне ќе дува особено на запад засилен западен ветер и ќе има услови за краткотрајна нестабилност преследена со пороен дожд и грмежи. Потоа ќе продолжи период на малку посвежо време со повремено зголемена облачност и краткотраен пороен дожд претежно попладне. Преодно постабилно време се очекува во петок кога и температурите малку ќе се покачат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...