Кран падна од комплексот на „Гугл“ на улица и усмрти четири лица во Сиетл

207

Градежен кран падна од зградата на новиот комплекс на „Гугл“ во Сиетл, за време на голема бура што го зафати градот, при што четири лица загинаа, а исто толку се и повредени.

Кранот се урнал на една од најфреквентните улици во Сиетл, во близина на центарот.

Двајца од жртвите се работници кои управувале со кранот, а другите двајца се случајни минувачи, кои загинале откако кранот паднал врз нивните автомобили.

При падот на кранот уништени се шест автомобили.

Градоначалничката на Сиетл, Џени Дуркан изјави дека е право чудо што 25-годишна мајка и нејзината четиримесечна ќерка преживеаја откако кранот падна врз нивниот автомобил и се здобија со полесни повреди. Уште две лица се хоспитализирани по инцидентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...