Авторот Блажевски за сексистичките песни: Јас сум генијалец, а жени победуваа на наместени конкурси!

5094

Јас сум голем провинцијален интелектуалец (од некои сметан за „генијалец“), прогласен за најдобар студент на ПМФ во 2003. Мене професионалниот ангажман на ПМФ, ФЕИТ, во две основни училишта и во други институции ми беше ускратен заради повеќе наместени конкурси, во кои победувале женски противкандидатки. Ете, тоа е мојата мотивација за такви „сексистички“ песни, статистиката покажува дека жените во Македонија полесно добиваат работни места во јавните институции.

Ова за ТВ 24 го изјавил, Александар Блажевски, вистинскиот автор на недоличните песни објавени во збирката на Агенцијата за млади и спорт.

Според него, објавените песни се во рамките на она што го дозволува Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда:

„Во член 7 е кажано дека тоа не се однесу на уметнички дела (има и други исклучоци, за новинарски статии итн.)“, вели Блажевски.

Како автор на двете спорни песни е потпишан Даниел Пиљаковски кој за Плусинфо изјави дека неговото име било злоупотребено од поранешниот професор по математика.

Александар Блажевски од село Јанковец, Ресенско, претходно потврди дека е вистинскиот автор на спорните песни кои излегоа во збирката поезија „Млади поети“ објавена од Агенцијата за млади и спорт.

Блажевски за „Независен весник“ потврди дека тој е авторот и дека многу сакал некаде да бидат објавени негови песни, затоа и аплицирал на конкурсот.

– Пишувам песни, пишувам поезија. Му кажав на Даниел дека ќе аплицирам од негово име, бидејќи јас имам над 40 години. Сакав моите песни да излезат на виделина и да бидат прочитани. Ако има некаква правна основа да се реагира, јас стојам целосно зад секој напишан збор и ја преземам целата одговорност – рекол Блажевски во телефонскиот разговор за „Независен весник“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...