Пехчевец бил прегазен од сопствениот трактор. Денеска во 00.10 часот од Здравствениот дом Пехчево било пријавено дека кај нив било донесено лице Г.Р. (37) од село Умлена–Пехчево со повреди. Имено, според пријавеното, откако Г.Р. го паркирал тракторот во неговиот двор, се симнал од него и во еден момент тракторот почнал да се движи и го прегазил, соопштуваат од МВР.
Потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на настанот.