Велигденското патување во Турција им стана улична авантура

Од Државниот пазарен инспекторат за ТВ24 изјавија дека доставиле предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата на туристичката афенција „Орфеј“.

2459

Дванаесет македонски државјани од Виница, Струмица, Прилеп и од Скопје тргнале на велигденска авантура, а останале на сред улица во Кападокија, Турција, објави ТВ24.

Туристите, според телевизијата, во Турција дознале дека агенцијата „Орфеј“ кај која уплатиле патување не ги уплатила потребните пари. За ова дознале откако денеска биле информирани од хотелот дека треба да го напуштат, поради тоа што им било уплатено само за едно ноќевање.

Од агенцијата се правдале дека поради гром кој удрил во зграда во центарот на Скопје, паднал и системот, па не можеле да извршат уплата во хотелот. Проблемот требало да го реши партнерската агенција од Турција, но измамените граѓани тврдат дека се уште се на улица.

Од Државниот пазарен инспекторат за ТВ24 изјавија дека доставиле предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата на туристичката афенција „Орфеј“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...