Над 150 шахисти учествуваа на првиот меѓународен турнир во шах кој денеска започна во Гостивар.
Турнирот „Гостивар Рапид Опен 2019″ го отвори градоначалникот Арбен Таравари и во неговото обраќање напомена дека локалната власт ја поддржува иницијативата за развој на шахот во Гостивар.
– Оваа идеја е стара, но не успеваме да ја реализираме заради финансиски причини и еве конечно дојдовме до историскиот ден за гостиварскиот шах. Се надевам дека овој турнир ќе стане традиционален и ќе опстојува во иднина на радост на шахистите – рече Ахмет Селмани организатор на турнирот.
Во поединечните натпаревари се пријавија валемајстори, интер мајстори и фиде мајстори од Македонија, Албанија, Косово и од Бугарија.
На отварањето на турнирот присуствуваше и Благоја Богдановски претседателот на шаховската федерација на Северна Македонија, кој во обраќањето искажа задоволство од интересот на пријавените шахисти и силната конкуренција.