Во пресрет на Празникот над празниците, Воскресението Христово Велигден познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, објави видео запис „Воскресение во Бигорски манастир“.
Бигорски манастир е божјиот храм во Македонија каде по првпат пред 11 години беше донесен Благодатниот оган.
Пасхалната богослужба започнува со разгорувањето на кандилата и свеќите со Благодатниот оган и со трикратно кружење околу храмот. На богослужбата, како и изминатите годни и вечерва се очекува да присуствуваат повеќе од две илјади верници од сите делови на државава, како и странци.
Наратор во видео записот е Дејан Лилиќ, камермани Кристијан Теодоров и Александар Ивановски, музика, аранжман и продукција Димитар Андоновски, а монтажа Горан Костаднов.