Алијанса за Албанците нема да го повика своето гласачко тело да гласа за некој од двајцата кандидати за претседател во вториот круг на претседателските избори туку ќе им остави на граѓаните да одлучат по сопствено убедување
– Нашиот претседател, Зијадин Села беше многу дециден – им остави на слободна волја на граѓаните, како што е секаде во демократските општества, секој граѓанин да одлучи по сопствено убедување.Тој исто така кажа дека ние, како сериозна партија, ќе имаме состанок на централното претседателство на кој што ќе се дискутира за изборите. Независниот кандидат што го поддржа Алијанса за Албанците го заврши кругот на 21 април, сега останува за вториот круг граѓаните само да решат – рече потпретседателката на партијата, Бујаре Абази.
По првиот круг на изборите и Блерим Река, изјави дека нема да тргува со гласовите што ги добил во првиот круг.