Алијанса за Албанците го побара од Џафери каменот симбол на 27 април

Каменот за Алијансата е симбол на жртвуваноста и исчекорувањата на земјата кон НАТО и ЕУ, заштитувајќи ја демократијата и нејзините вредности.

152

Алијанса за Албанците чиј лидер Зијадин Села беше претепан во настаните од „крвавиот четврток“ пред две години, денеска од претседателот на Собранието, Талат Џафери го побара каменот симбол на 27-ми април 2017 година.

Тој, како што пече потпретседателката на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази на прес конференција пред Собранието, за нив важи како ден кога бил соборен 10-годишниот режим Груевски-Ахмети.

– Пред една година, на ова место на влезот на Собранието поставивме камен со натпис: ’27-ми април 2017 година’, кој го симболира денот кога се случи историскиот пресврт и беше соборен режимот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој беше избран токму на овој ден, вети дека овој камен ќе го постави на влезот на Собранието за да го одбележи денот. И по една година не се знае каде заврши тој камен, па затоа денес јавно го прашуваме – каде остана ветувањето на Талат Џафери и зошто каменот не е поставен на влезот на Собранието – изјави Абази.

Каменот за Алијансата е симбол на жртвуваноста и исчекорувањата на земјата кон НАТО и ЕУ, заштитувајќи ја демократијата и нејзините вредности.

Истотака, додаваат од Алијансата, каменот го симболизира и бегањето на Али Ахмети во историскиот момент кога се решаваше за иднината на земјата.

– Господине Џафери дали симболиката на бегањето на  Али Ахмети го оневозможи поставувањето на овој камен на влезот од Собранието? – праша Абази.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...