Дваесет и едногодишно момче е повредено вчера од огнено оружје во скопски Чаир, соопшти полицијата.
Како што соопшти полицијата, В.И. (21) од Скопје, бил донесен во Градската општа болница од страна на Е.М. (22) од Скопје, според чие кажување додека седел во угостителски објект на улица Цветан Димов во Скопје слушнал пукање, а потоа му пришол В.И., со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата и видел дека крвари, по што го пренел во болница.
Од страна на полициски службеници е разговарано и со В.И. и се преземаат мерки за расчистување на случајот