Приведен неготинчанец поради убиството на жител од Темјаник со ловечка пушка

146

Полициската станица Неготино во содејство со Секторот за општ и насилен криминал  на Одделот за крим полиција при БЈБ на МВР денеска (26.04.) до надлежното ОЈО Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.К. (44) од Неготино поради постење основи на сомнение дека сторил кривично дело “убиство од небрежност“ по член 126 од КЗ на Р.С.Македонија односно на 20-ти овој месец го убил Ј.Д. (50) од село Тимјаник, неготинско.

На 20.04. околу 18,30 во месноста викана „Селиште“- Копришница, атар на општина-Демир Капија бил пронајден починат Ј.Д. од с.Тимјаник, неготинско. Потоа полициски службеници од ПС ОН Неготино во координација со ОЈО Велес извршија увид на местото на настанот и по насока на ЈО телото на починатото лице е предадено на обдукција и се преземени мерки за расчистување на случајот.

Според документираните сознанија од истрагата на 19.04. околу 17, 00 часот во посочената месност, Д.К. од небрежност со ловна пушка “ТОЗ 63“ истрелал во правец кон Ј.Д. нанесувајќи му устрелна рана во пределот на горниот дел од телото. Д.К. заедно со кривичната пријава и доказниот материјал денеска е предаден на ЈО од ОЈО Кавадарци за понатамошна постапка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...