Денеска започнува големиот христијански празник кој има не само теснорелигиозно значење туку и општочовечка порака. Празнуваме и во исто време испраќаме порака вредностите поврзани со вербата во луѓето, љубовта, човечноста, соживотот, разбирањето да не бидат актуелни само на празници, туку секогаш и со секого, соопштија од тимот на кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.
Велики Петок е денот кога најмногу треба да се запрашаме што сме сториле за својата земја, својот народ, предците и идните поколенија. Да си признаеме ако сме згрешиле и да започнеме борба за да ги поправиме грешките. Целта е човечноста и хуманизмот да победат пред нечовечноста и материјалните интереси.
За многу години, за праведна Македонија.