Пендаровски во Марков Манастир: Со меѓусебно почитување може да изградиме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите

186

По повод христијанскиот празник Великипеток, кандидатот за претседател Стево Пендаровски, заедно со семејството денеска беше во посета на Марков манастир во населеното место Маркова сушица, информираа од СДСМ.

При посетата, Пендаровски упати порака на помирување, заедништво и благосостојба во велигденските денови што претстојат.

– Во овие денови кога сме препуштени на духовниот мир и личниот спокој, да испратиме порака дека толеранцијата, пријателството, меѓусебното почитување и помагање не се само христијански, туку и универзални човечки вредности. Само со почитување на овие вредности и денеска и секој ден во годината, може да создадеме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите. Само ако меѓусебно се помагаме и разбираме можеме да одиме заедно напред кон подобра иднина за нас и за следните генерации, порача Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...