Кај село Миравци на автопатот Демир Капија-Неготино, било забележано патничко моторно возило „Фиат браво“, управувано од И.Е. (20) од нас. Шуто Оризари-Скопје, а во кое се превезувале мигранти, вчера во 17:20 часот од страна на униформирани полициски службеници од Полициската станица Неготино и од полициската станица за граничен надзор Михајлово.
Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината. Во близина на ТЕЦ Неготино, И.Е. излетал од коловозот. Возачот и совозачот Ф.Р. (20) од Скопје се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници се приведени. Во возилото биле затекнати четири лица од Авганистан. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.