НАСА: Универзумот забрзано се шири

Вселената расте околу девет отсто побрзо отколку што претпоставуваа астрономите, врз основа на нивните пресметки за вселенското движење што почна набрзо по Големата експлозија.

433

Вселената многу побрзо се шири отколку што досега се мислеше, потврдуваат последните податоци на вселенската агенција НАСА.

Вселенскиот телескоп Хабл покажа дека Вселената расте околу девет отсто побрзо отколку што претпоставуваа астрономите, врз основа на нивните пресметки за вселенското движење што почна набрзо по Големата експлозија.

Овој неусогласен раст сега достигна точка која не може да се отфрли како случајност. Тоа не е тоа што го очекувавме, изјави Адам Рајс, добитник на Нобелова награда и истакната професор по физика и астрономија на Универзитетот Џон Хопкинс.
Брзината на експанзија на универзумот, позната како Хабл константа, е централен дел на физиката и разбирањето на Универзумот. Новото истражување потврдува дека е потребна детална работа за да се објасни растот на Вселената.

Рајс потенцира дека сега е јасно дека брзината на експанзијата не била во согласност со тоа што го очекувале.

Едно е мерењето колку брзо денес се шири Вселената, а друго е предвидување засновано на физиката од претходните мерења, посочи Рајс.

Тој не појасни зошто се случува забрзана експанзија на Вселената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...