Уругвај ќе извезува марихуана во медицински цели, легална е во 30 држави

130

Уругвај е првата земја во светот што ја легализира рекреативната употреба на марихуаната, а планира да стане и прва држава во Јужна Америка која извезува марихуана во медицински цели.

Според уругвајските медиуми, веќе е подготвена првата берба од стаклениците.

Со тоа Уругвај се приклучува кон извозниците на медицинска марихуана, меѓу кои во моментот најголем удел има Велика Британија.

Според американското истражување од 2017 година вредноста на глобалниот пазар на медицинска марихуана во 2025 година би можела да се искачи дури до 55,8 милијарди долари.

Медицинската марихуана е легална во околу 30 држави во светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...