Во присуство само на грст граѓани на Валандово е одбележано затворањето на рудникот во Казандол, откако Владата кон средината на март реши да го раскине договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран.
На собирот не присуствуваше градоначалникот Перо Костадинов. На малата прослава на валандовчани беше и Лилјана Поповска од ДОМ, партијата на зелените.