Заев: Ќе фаќа метлата и на другата страна, слушам во Велес пак правеле списоци ВИДЕО

7611

„Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци во Велес правеле. Ние не сме глупави, знаеме. Ќе има метла и на другата страна, порача премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва во Велес.

– Во мојот кабинет работам со луѓе што ги затекнав. Со сите што засукаа ракави работевме. Ама нема да дозволиме некој да да враќа режим – рече Заев на вечерашната граѓанска трибина за поддршка на кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Тој додаде дека Стево Пендаровски е симболот на правдата и правичноста и порача дека правото и законите денеска важат еднакво за сите, дека пресуди ќе се носат за сите за кои има докази, а не како претходно по нарачка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...