Чавков и другите осудени за 27 април остануваат во притвор

411

Митко Чавков, Горан Ѓошевски, Душко Лазаров, Никола Митревски – Кољо и Абдулфета Алими, сите првостепено осудени за упадот во Собранието од 27 април остануваат во притвор, откако Апелација донесен одлука да не ги прифати жалбите и тие да бидат  пуштени од притвор до правосилност на пресудите, јавува Нова.

До второстепениот суд укинување на притворот и да се бранат од слобода побараа екс директорот на БЈБ, Митко Чавков осуден на 18 години затвор, Горан Ѓошевски, Душко Лазаров и Никола Митревски – Кољо осудени на по 15 години затвор како и Абдулфета Алими осуден на седум години затвор за крвавиот упад во Собранието на 27 април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...