Заев: Институциите веднаш да им дадат отказ на роднините на функционерите

588

Премиерот Зоран Заев бара политичка и професионална одговорност од функционерите по вчерашните укажувања од Антикорупциската комисија за влијание на непотизам при одредени вработувања, а истовремено повика на итно повлекување од работните места на лицата кои биле вработени на тој начин.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев потенцираше дека Антикорупциската комисија покажала дека е систем и оти конечно имаме систем што функционира без оглед дали тоа им се допаѓа на политичарите или не.

– Секако секој има право на жалба, на коментар. Тоа е владеење на правото. Она што е важно е дека конечно имамем систем што функционира. Тоа може на нас политичарите да ни се допаѓа или не, Антикорупциска докажа дека е систем. Таму има конкретни коментари каде нема непотизам, а имаме и конкретни коментари каде што имало влијание за непотизам. Оттука барам повлекување и директно, како претседател на Владата, давам наредба до владините институции на лицата кои се вработени на тој начин веднаш да им се прекинат работните односи и да се повлечат назад. Барам професионална и политичка одговорност од сите нив – рече Заев.

Како што нагласи до 5-ти мај не може да разрешува министри затоа што има законска забрана.

– Поради тоа велам дека барам професионална и политичка одговорност. До 5-ти мај има забрана за разрешување и именување – изјави Заев пред почетокот на дебатата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...