Расистот, Џон Вилијам Кинг е егзекутиран вчера во 19 часот во Тексас. Смртоносната инјекција е неговата казна за едно од најбруталните злосторства поради омраза во последните 25 години кои ја згрозиле Америка.
Во 1998 година, Кинг со ланец го врзал 49-годишниот Џејмс Брд за својот камионет и го влечел речиси пет километри низ шумата.
Џејмс бил жив барем три километри додека го влечеле по патот, а потоа неговото тело се распаднало во раните утрински часови. Гениталиите на несреќникот биле распарчени.
Казната била извршена откако Кинг ги искористил сите можни жалби кои му стоеле на располагање. Четириесет и четиригодишниот Кинг ги затворил очите и одбил да погледне во семејството на мажот кој ѕверски го убил.
Немал последни зборови, но претходно упатил кратко соопштение: „Смртна казна: Тие без пари добиваат казна“.
Последниот оброк Кинг го добил во 16 часот. Бидејќи Тексас веќе не им дава оброк по желба на смртно осудените, Кинг бил послужен со иста храна како и останатите затвореници. Единствена разлика било тоа што добил ручек и вечера истовремено.
Кинг на телото имал тетоважи со расистичка тематика, меѓу нив се истакнувала таа со Афроамериканец кој со ортома околу вратот виси на дрво.
Еден од соучесниците во злосторството, Лоренс Расел Бруер, веќе е осуден на смрт во 2011 година, а Шон Ален Бери е осуден на доживотна робија.