Уште еден скандал: Даниел Пиљаковски тврди дека го злоупотребиле како автор на вулгарните песни

1325

Даниел Пиљаковски, чие име стои на песните со сесксистичка и дискриминирачка содржина, од зборката позија издадена од Агенцијата за млади и спорт, одрекува дека е нивен автор, објави „еМагазин“.

„Денес бев запрепастен и крајно разочаран од сознанието дека моето име го има насекаде по социјалните мрежи и интернет страници поради недолични и вулгарни песни објавени во збирката на песни од страна на Агенција за млади и спорт. Крајно одрекувам дека сум автор на тие песни. Мојот идентитет е злоупотребен од страна на Александар Блажевски. Ве молам да ми помогнете во разјаснување на овај случај, бидеќи ми се ствараат проблеми“, стои во реакцијата на Даниел Пиљаковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...