Пратеникот Енес Ибрахим напиша книга за „27 април“

347

Пратеникот од владејачкото мнозинство, Енес Ибрахим, кој е претседател на Партијата за Движење на Турците, напиша книга на турски јазик насловена „Од 27-ми април до 27-ми април“. Книгата е во издаваштво на НВО Уфук, а промоцијата се одржа вчера во Скопје.

Книгата на Ибрахим, како што се наведува во соопштението, се занимава со политичките случувања во земјава меѓу периодот 27-ми април 2014, кога тогашната опозиција предводена од Зоран Заев ги бојкотираше резултатите од предвремените парламентарни избори, па сѐ до 27-ми април 2017 година, кога се изврши упад во Собранието.

„Авторот воедно е и директен сведок на сите овие настани кои ги обработува во својата книга. Особено важно е да се истакне дека оваа книга е единствена која се занимава со современата политичка историја на Северна Македонија напишана на турски јазик“, потенцираат издавачите.

На промоцијата говореа Ѓунер Исмаил, Илхан Рахман и Џабир Доко, кои ги анализираа квалитетите и пораките на ова дело. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...