Земјотрес во Дојран, Гевгелија и околината

176

Земјотрес со интензитет од 2,8 степени според Рихтеровата скала утринава во 03 часот и 11 минути е почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината.

– Епицентарот на земјотресот се наоѓа 150 километри југоисточно од Скопјe и потекнува од дојранското епицентрално подрачје. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2,8, а беше почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала – соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...