Славниот актер Џони Деп (55) повеќе не успева да ја крие врската со убавата Русинка, танчарката и кореографка Полина Глен.
Двојката се запознала лани на вечерна забава. Девојката, според пишувањата, веќе две години живее во Лос Анџелес, во една од куќите на Деп, а тој наводно настојувал гостите да потпишат документ за дискретност.
Двојката планира наскоро да застане пред олтар, по што ќе заминат во Русија, со цел Деп да го запознае семејството на Глен.
Актерот претходно беше во брак со својата колешка Амбер Хард, кој се распадна во мај 2016 година, кога таа го обвини за физичко и психичко насилство. Следеше и судска забрана за тој да не ѝ се доближува на одредено растојание. Како одговор на сето тоа, Деп ја обвини Хард дека се обидува да профитира од разводот.
Разводот заврши во јануари 2017 година, а Хард објави дека целата сума која тогаш ја доби (седум милиони долари), ќе ја подари на неколку добротворни организации посветени на поддршка на жените жртви на семејно насилство, како и на болни деца.
FOTO: Tviter/Printskrin
FOTO: Instagram/Printskrin