Милионер од Кина собира отпад од улиците секој ден пред да му почне работното време.
Педесет и тригодишниот Зхонг Конгронг ја напушта куќата во 8 часот наутро и ги собира сите отпадоци кои ќе ги здогледа.
– Не е важно колку пари имате. Не е важно дали сте богати или сиромашни. Секогаш треба да правите нешто позитивно за општеството – рекол милионерот.
Тој со оваа рутина започнал пред три години, кога забележал некоја жена како го прави истото.
– Некои луѓе мислат дека сум луд, некои ми се восхитуваат – додал тој.
Конгронг вели дека ќе го собира отпадот од улиците се додека е во можност да го прави тоа. Односно, додека не дојде на 70 или 80-годишна возраст.
ФОТО: Принтскрин / Видео / Фејсбук