Гвардиола: Победивме, но ние уште не сме шампиони

193
ФОТО: EPA / FRIEDEMANN VOGEL

Тренерот на Манчестер сити, Јозеп Гвардиола, по победата со градскиот ривал Манчестер Јунајтед (2:0), рече дека играчите не треба да мислат дека трофејот е веќе во нивни раце.

Манчестер сити има еден бод предност пред Ливеруп и до крајот на првенството треба да игра со Барнли, Лестер и Брајтон.

Ливерпул ќе с е сретне со Хадерсфилд, Њукасл и Вулверхемптон, но нив ги очекува и два дуела во полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона.

– На „Олд трафорд“ бевме под притисок. Им реков на играчите дека треба да играат за да победат и да не размислуваат дали ќе пропуштиме нешто или не. Победивме, но ние не сме уште шампиони. Ги предупредив дека не им е неопходно да читаат весници и да гледаат телевизија. Треба само да се опуштат, да се одморат и да се фокусираат на следниот меч – изјави Гвардиола.

ФОТО: EPA / FRIEDEMANN VOGEL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...