Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Владивосток се сретна со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.
Ова е прва посета на Ким на Русија и прва средба со Путин.
Рускиот претседател го прими севернокорејскиот лидер во кампусот на Универзитетот во Владивосток.
Тие ќе водат разговор во тет-а-тет формат со присуство на преведувач, а медиумите можеа да присуствуваат само на воведниот дел.
Путин на почетокот од состанокот изрази уверување дека посетата на Ким ќе придонесе за регулирање на ситуацијата на Корејскиот полуостров.
Тој исто така ги поздрави напорите на Пјонгјанг за нормализација на односите со Јужна Кореја и САД.
ФОТО: EPA / ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL