Резил до резил: Грешка била песната со „корнишонот на премиерот“, Каевски се извини, но не поднесе оставка

2874

Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт денеска објави дека ќе се повлече целиот тираж на скандалозната збирка поезија „Млади поети“ во која се најдоа содржини со шовинистичка и дискриминаторска содржина, а која била финасирана од Агенцијата.

Тој рече дека чувствува морална одговорност, но дека не бил запознаен со содржината иако е уредник на изданието.

Каевски, рече дека грешка било објавувањето на две од вкупно 44 песни, а дека претседателот на стручната тричлена комисија која одлучувала за објавените содржини му рекол дека не знаел оти треба да прават проверка на содржината.

-Како директор чувствувам морална одговорност, но уште повеќе професионална одговорност да се расветли случајот и точно да се детектира вината. Јас сум против објавување навредлива содржина, сметам дека тоа е грешка. Ќе направам се грешката да се поправи и да не се повтори. Слободата на говор е неприкосновена се додека не се врши дискриминација – рече Каевски.

На новинарско прашање зошто како уредник на збирката дозволил да се објават песните со недолична содржина, одговори дека неговиот потпис е ставен за постапката и за чекорите во постапката, а не за содржаината.

– Како директор на АМС стојам како уредник  и затоа наведов дека чувствувам морална одговорност, но не ја прегледувам содржината – додаде Каевски.

Штетата од 150.000 денари ќе ја надоместат тие што се одговорни за овој скандал, а толку пари биле потрошени за првите 5.000 примероци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...