Мурињо: За некои сум копиле, но невозможно е да ги негираат моите успеси

231

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо целосно разбира дека не е миленик на многумина, но и знае дека неговите успеси во спортот зборуваат доволно за неговиот имиџ.

Португалскиот стручњак е на мислење дека некои аналитичари премногу брзо ги заборавиле неговите достигнувања кои воопшто не се далеку во минатото.

– Трофеите кои сум ги освоил во минатото, се гаранција за успех во иднина. Дури и оние кои се трудат да ги заборават моите успеси, и тие нема да го сторат тоа. Последниот мој трофеј беше пред година и половина во Лига Европа, а последното мое финале – пред осум месеци. Некои луѓе мислат дека ова се случило пред 20 години – изјави Мурињо.

На прашањето како би го опишале некои фудбалери, Португалецот одговори: „Можеби како копиле“.

Мурињо во последните месеци успеа да се скара со скоро сите во штабот на Манчестер Јунајтед, вклучувајќи и со големата ѕвезда на Пол Погба.

Специјалниот исто така, истакна дека не би се вратил на работа во Премиер лигата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...