Заев: Веднаш да се повлечат вработените со непотизам

874
 Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во центарот на Прилеп повика на политичка и професионална одговорност од секој што направил непотизам и го ускратил правото на граѓаните.

Само така, посочи, ќе ја средуваме државата и никако поинаку.

– Еве ги денеска одлуките, директно испраќам наредба до сите, веднаш да се повлечат од работните места каде што се. Само така ќе функционира системот. Државната антикорупциска комисија е независна институција и очекувам да ги соопшти резултатите што ги најави и за другата страна оти тие беа примерот за непотизмот во државата и целото партиско, но и роднинско вработување. Очекувам и за другата страна – додаде Заев.

Тој истакна дека ветува дека колку и да е независен судскиот систем, мора да носи пресуди, да носи одлуки.

– А паднаа одлуки во тешки времиња кога се преговараше во Парламентот за двотретинско мнозинство. Паднаа и паѓаат одлуки. Имаме одлуки на првостепени судови, имаме и правосилни одлуки за кривични дела затворски казни, потврдени од Апелација. И ќе има одлуки, зашто има докази. Ќе види цела Македонија, а и ќе види целиот свет, зашто постојат и материјални и аудио докази. Сите го знаат тоа. И ќе нема застанување, зашто тоа е ставање ред и поредок, владеење на правото, законот да важи еднакво за сите. И ќе важи – нагласи Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...