„Во очекување на официјален демант од споменатиот медиум за невистините на Сиљановска, во прилог ja доставуваме писмената покана, во којашто јасно се наведени неколку термини за одржување на телевизиското соочување кое се уште не е закажано“, велат од Изборниот штаб на Пендаровски од каде што до медиумите доставија и официјална покана за дуел од телевизијата Телма.
Претходно, кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова по откажувањето на дебатата се огласи на својот Твитер профил.
„Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на Телма. А можеше да научи нешто за ЕУ.“