Силјановска: Продолжува личниот атак врз мене од транзициски икони

941

Она што го забележувам е очекувана, логична и силна нервоза кај власта, зашто резултатот е загрижувачки, опоменувачки, во друга земја можеби власта веднаш би рекла дека не го поминала тестот и дека е спремна да распише предвремени парламентарни избори, изјави денеска кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова.

– Она што продолжува е личниот атак на мене. Морам да кажам дека помалку делува трагикомично мене да ме обвините за некој кој има врска за транзицијата, зашто транзицијата е сѐ уште, за жал, недовршен процес во Македонија. А, јас сум била министерка од 1992 до 1994 година. Само што почнувала тогаш транзицијата. А, особено е трагикомично кога обвиненијата доаѓаат од транзициски икони кои сета младост и живот го поминале во рамките на транзицијата. Но, за жал, сѐ што било умно и вредно во Социјалдемократскиот сојуз го анулирале. Невообичаено е да видите министерка за одбрана на спот, како што е невообичаено да видите премиер и министер за внатрешни работи во кампања. Уште поневообичаено е да гледате драми со метли, особено што за метлите слушавме многу порано, но никој не смете ништо – рече Силјановска Давкова.

Таа рече дека продолжува во потрага по гласовите на неопределените, на оние од движењето Бојкотирам и на оние кои се оддалечиле од ВМРО-ДПМНЕ во претходниот период.

– Јас ќе се држам до својата програма без оглед на тоа кој ќе застане зад мене, а мојата програма почнува и завршува со правна држава, со владеење на правото. Дека е така покажува и текстот во еден од најпрестижните, најпочитуваните германски весници „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, со две главни прашања, дали поради Преспанскиот договор не дојде до употреба на инструментот поткуп, корупција, притисок и страв на пратениците и второ дали не дојде до судска амнестија. Амнестијата може да биде само парламентарна амнестија, а она што во Македонија се случи беше судска амнестија. Или под поимот на амнестија всушност се изврши помилување врзано за поткуп за корупција и криминал. Тоа укажува дека моите предупредувања за начинот на кој што беше донесен Преспанскиот договор не се само мои лични ставови туку и ги делат врвни новинари и правници – додаде таа.

На новинарско прашање дали со евентуалниот нејзин избор за претседателка ќе се врати режимот на Груевски во земјава, Силјановска Давкова рече:

– Смешно, јас никогаш не сум била ни член на ВМРО-ДПМНЕ, ни советник на ВМРО-ДПМНЕ. Сум била сменета за времето на ВМРО-ДПМНЕ од Венецијанската комисија. Сум била на спротивната страна при донесувањето на Законот за високо образование, значи тоа нема врска. Ама ако груевизмот на кој што тие укажуваат е модел на авторитаризам, тогаш моделот го имаат внатре во пазувите на консензуалната демократија. ДУИ е некој што со децении беше со ВМРО-ДПМНЕ. Од „Титаник 3“ не видовме ништо, што значи груевизмот, ако сакате ахметизмот и заевизмот се во пазувите на кандидатот што вели. Јас како некој кој што знае дека што се избори се разбира изјавив дека да сте најумни на светот вие не можете да победите ни во Америка, ни во Македонија сами. Со гласовите на граѓаните ви треба поддршка. Но јас таа поддршка воопшто не ја сметам за соединување дури ни на идеологијата туку напротив за отворање простор за критика и за некој друг, и затоа мислам дека извинувањето на сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за она што се случувало претходно држи и мислам и верувам дека тој е решен дури и моите критички опсервации да ги прифати за идните реформи во Македонија – рече таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...