Утре, четврток, во периодот од 8 до 17 часот ќе се изврши терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци, соопшти Градот Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, тaа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.