Група насилници претепале шофер на ЈСП

325

На влезот во селото Студеничани-Скопје, вчера по претходно недоразбирање околу сообраќаен прекршок помеѓу возач на автобус бр.67, А. Д. (36) од Скопје и непознати лица со патничко возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, лицата му упатиле закани на А. Д..

Околу 18.55 часот, кога возачот со автобусот почнал да се движи од Зелениково кон Транспортен центар, пред автобусот се испречило патничко возило „Шкода Фелиција“ и џип – непозната марка, од кои излегле повеќе лица, и со употреба на сила ја отвориле вратата од автобусот, влегле внатре и го нападнале возачот.

А.Д. бил пренесен во Градска општа болница „Наум Охридски“.

Двајца од напаѓачите, Е.Ф. (25) и А. Г. (24) од Зелениково, се пронајдени и приведени во Полициската станица -Драчево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...