Амал Клуни предлага формирање меѓународен суд за терористи

110
ФОТО: EPA / THIBAULT VANDERMERSCH

Познатата адвокатка и борец за човекови права Амал Клуни предложи во Хаг да се формира меѓународен суд за терористи, во кој би им се судело на терористите од т.н. Исламска држава, кои извршија геноцид и злосторства против човештвото во Сирија и Ирак.

Таа потсети дека претходно беа формирани слични меѓународни судови за воени злосторства извршени во Руанда и земјите од поранешна Југославија.

– Во борбата против ИД се обединија 79 држави, па зошто тогаш да не се формира и суд во Хаг, или во тој регион, за да им се суди на милитантите? – праша Клуни на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која зборуваше за сексуалното насилство во вооружените судири.

Според неа, терористите од ИД спроведувале системско силување над жените од заедницата Језиди, поради што апелираше одговорните за тоа да одговараат за извршените злосторства.

– Цел на глобалната коалиција е пораз на ИД, но тоа не е можно без задоволување на правдата. Само воен успех – не е решение – порача Клуни.

ФОТО: EPA / THIBAULT VANDERMERSCH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...