Малолетна кавадарчанка била обљубена од малолетен роднина, информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– На 22-ри овој месец во 21:00 часот во Полициската станица во Кавадарци лицето О.К. пријави дека нејзината малолетна ќерка била обљубена од нивен малолетен роднина од Кавадарци – соопшти Додевски.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.