Претседателот на СДСМ, синоќа беше со Стево Пендаровски на трибина во Тетово, каде ги повика граѓаните да излезат и да гласаат, а воедно порача и оти противкандидатката Гордана Силјановска Давкова, не е никаква алтернатива.
– Сакам да се обратам на сите граѓани, кои гласаа и за Блерим Река и до сите кои останаа дома. Дали ни требате? Да, ни требате. Не за да ве носиме дома, за државата наша ни треба. Ни требате за Стево Пендаровски, ни требате заради тоа што друга алтернатива нема. Седењето дома не е алтернатива. Гордана Силјановска, пу пу пу, не е никаква алтернатива. А, државата е ваша и моја и на Стево и на сите нас овде. Имате обврска сите, затоа што ништо не е паднато од небо – порача Заев.
Тој исто така порача и оти чистка ќе има, а некои веќе и се препознале во тоа.
– Синоќа добив и метла. Метла ќе има. И некои и се препознаа и уште денеска се понудија. Изборниот законик забранура разрешување и именување, но веднаш после изборите мора да се случат промените. 23 месеци ја водам владата, видов каде се слабите карики – рече Заев.