Три млади лица загинале, а четворица се повредени во атарот на село кај Рума. Како што пренесуваат српските медиуми, тие биле тргнати да запросат девојка.
Несреќата се случила ноќеска околу три часот по полноќ. Автомобил „рено лагуна“ излетал од патот и се удрил во бандера.
Загинале тинејџери на возраст од 17 и 19 години и 37-годишен маж.
Во критична состојба се наоѓа 16-годишно момче, со тешки телесни повреди се здобила 27-годишничка, а полесно бил повреден 21-годишник.
ФОТО: Фејсбук