Рускиот претседател Владимир Путин инаугурира нова подморница која може да носи нуклеарни боеви глави кои можат да предизвикаат разорно цунами.
Путин денеска го посети военото бродоградилиште во Санкт Петербург каде го надгледуваше заминувањето на нуклеарната подморница до централата Севмаш во Северодвинск во северозападна Русија.
Руската морнарица соопшти дека подморницата е наменета да носи дронови Посејдон кои наредната година ќе бидат во употреба.
Посејдон може да гаѓа крајбрежни подрачја со тешко нуклеарно оружје, кое може да предизвика цунами.
ФОТО: EPA / ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KRE